Четверг, 09.05.2024
poeziata na cernodrimski
Меню сайта
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 20
Главная » Архив материалов



Прав и пепел


Не мораше земјата црна да ме нахрани
Но јас морав потаа солена да и ја дадам за таа родот го напои
Не мораше земјата црна да ме развесели
Но јас морам од утрина рана песни да и пеам за таа родот го извиши
Не мораше земјата црна со мене да се кара
Но јас морав калиштата нејни на нозе да ги лепам за таа задоволна да биде
Неморав и несакав но напати мислам
Напати така кога ја гледам како молчи и само трпи
Напати мислам дека сепак сум еден нејзин дел
Не сега но можеби утре или задутре

Кога петелот ранобудец песна ќе кажеше
На плотот стар од штици црвосани и гламјосани
Знам дека виновник тој беше сонот ми го крадеше
Со изговор дека и денес земјата ме кани на гости да и одам
Зората не блеснала силно правта од макадамот ја голтаам
Горчините зелени лист по лист ги збирам и ред им правам
Земјата црна утеха дава правот сега мирен го држи
Знае добро дека и утре може да ме награди 




Просмотров: 411 | Добавил: cernodrimski | Дата: 22.03.2009 | Комментарии (0)

Татковиот праг




Повторно го пречекорив татковиот праг
Не сум го видел никогаш така правлив
Излитен и тажен
Малку и студенило почуствував
Зачекорив внатре
слушав ѕидовите како раскажуваат
оживееа исто како некогаш
восклик испуштија
што ете повторно бев со нив
раскажуваа се додекане се измориа
потоа ме запрашаа сериозно 
зошто сум дојден
ја почуствуваа сета тага што ја носев со себе
ја почуствуваа сета болка што бликаше од мене
оди реченекој не се сеќавам кој
оди по скалите и симнисе повторно
оди и малку трчај
не ги број чекорите
само така оди и насмевнисе сам на себе
насмевнисе на лудориите што ги правеше
прошетај по одаите
така полесно ќе ти биди
излези во дворот
прегрниго старот и раскошен орев
нека повторно те опијани неговата миризба
кога дремката ќе ти дојди ти не ја бркај
одмори се на земјата
татковата земјаникогаш не е ладна
татковата земја има чудесна моќ
ја лечи секоја болка ... Читать дальше »
Просмотров: 379 | Добавил: cernodrimski | Дата: 22.03.2009 | Комментарии (0)


Килим од желби



Килимот на желбите зедов да го ткаам
Во место каде срцето има ритам
Каде ветришта немаат моќ
Една старица грда на лик
Со големо срце
И милни зборови
Ме научи како чворови да врзувам
Како од облаците тенки нишки да земам
И како од желбите конец тенок да вадам

Деноноќија минеа
Деноноќија се редеа
Крајот не го гледав
Но сепак шарите беа величествени
На средина едно срце ставив
Големо колку што може да се сака
Ресите беа танки нежни
Како самовилска коса

Додека неуморно ткаев
Лебедите бели 
со песната уморот го бркаа
Караман со лавежот 
 злите очи од плотот ги растеруваше
го ткаев и себеси се прашав
када да го ставам
кој ќе биде тој што ќе го згазне
нога да стави
желба да ми смачка






Просмотров: 393 | Добавил: cernodrimski | Дата: 22.03.2009 | Комментарии (0)

Солзата на Феникс


Во сонот го видов Феникс
Беше така тажен
Низ солзи прозборе
Рече товар тежок носел
Уште пред илјада години
Но ти
Ми рече со глас човечки
Ти кој тантал го носиш во името
Ти кој прометеј го имаш во срцето
Ти кој мене си ми близок
Земи само една моја солза
Лековита е таа
Товарот твој ќе го направи полесен
Болката ќе ја направи поднослива
А кога пепел ќе се сториш
Тогаш раѓањето твое ќе биде
Земија солзата
носија во близина на срцето
Амајлија нека ти биде
Земија и чуваја
Патот до срцата ќе ти го отвара
Од зло ќе те штити
Знам
Повторно со глас човечки проговори
Не си зол
Но како зол те гледаат
Злото г о презираш
Но како магнет со презирот го привлекуваш
Земија и добро чуваја
Наслутувам
Нови понори злото ти спрема
Нови жртви бара
По нови макадами ќе те пушти
На нови ридови од болка ќе те искачи
Ти пак не се плаши
Само солзата земија
Во мракот на дланка став ... Читать дальше »
Просмотров: 558 | Добавил: cernodrimski | Дата: 22.03.2009 | Комментарии (0)

ОРОТО НА ЉУБОВТА



Музите на инспирација
Со восхита своја полноќта ја чекаа
Кога часот нивни дојде
О така волшебно и нежно
За раката ме допреа
И кон реката на идеите ме понесоа
Со криљата свои лицето ми го ладеа
И времето го запреа

Рекоа
Вечноста ја носиме
А ти биди спремен
Кога на брегот стигнавме
Глетката беше таа која здивот го запираше

Повторно рекоа
Тоа беше песна заносна
Седни под гранките на врбата
Не е таа жална
Закрилник на треперите твое е 
О знај ти кој ги впиваш желно секој миг
И чедно погледот го пушташ

Нимфите ги намамивме
Евеги 
Само што струните не го затегнале
Зарем не го слушаш воздухот како трепери
Смириго ти смириго срцето твое
Ритамот нека потскокнува подоцна
Сеуште не е време

А сега
Самовилите евеги
Зарем не ги гледаш
Отвориго срцето и погледај ги
Со косите свои о така заносни се
И водата ја натераа
Немирна да биде
Клокот клокот да пра ... Читать дальше »
Просмотров: 628 | Добавил: cernodrimski | Дата: 22.03.2009 | Комментарии (0)

Смрадот на агонијата


За злото ли морам повторно да пеам
Траорни се овие зборови
Кој темнината ми ги напиша
Смрадот на агонијата околу се шири
Белиот цвет еве овенал 
О проклет да биде овој час
Што така повторно почнав да го бројам
Погледот не го пуштам таму горе
Птици со скшени криља гледам
Гракаат со болка тие
Се вардат од црнината на денот
Го молат богот на сонцето
Да ги спржи во летот нивни
Така достојни да бидат
Молчешкум поминувам покрај скоро мртвата надеж
И таа моли
И таа ползи
Сенките сега само благослов делат
На глас извикуваат
Дигнетесе од пепелта црна
Вие безимени и некрстени
Кренете се сега кога ве барам
Мигот недојден вие донесетего
Ете тука
 од пепел грутка нека биде
Од пепел камен нека се стори
Од пепел за пепел ќе оди
Поитајте побрзајте
Со молкот прекријте се
Дигнетесе од пепелта црна
Вие безимени некрстени
Еве денот во ноќ се топи
Ноќта како змија лутица ве чека ... Читать дальше »
Просмотров: 397 | Добавил: cernodrimski | Дата: 22.03.2009 | Комментарии (0)

Адски молк

Молкот околу просторот го заобиколи
Мене така страсно ме зароби
На пањот од старот даб ме седна
Музите со потик што носеа ги викна
Маса од ела делкана ете тука се најде
Сонцето тажно ме поздрави кога зајде
Незнаев тогаш дека тоа е така страшно
Можеби затоа што невикав гласно

Карпата која евеја тука стои како час истрошен
На мигов овој кој неизвесен е и исплашен
Еден грам сила тогаш видов одникаде дојде
Дупка голема во карпа отвори и патека се виде
Адска дупка беше тоа кој не верува не верува
Глас грмна не беше Божји рече со стапалка се слегува
Ден како век шепот рече треба да знаеш се брои
Но ниеден досега кој стапалка сторил на место не стои

Муза проклета која проклетство носи за рака ме зеде
На патека од трња и глогови златно руно почна да преде
Кога круг еден со родан ќе стореше благослов од пцости даваше
Тресок со нога своја крива правеше и дете цицалце од мајка крадеше
Лордот свој во занес го вик ... Читать дальше »
Просмотров: 501 | Добавил: cernodrimski | Дата: 22.03.2009 | Комментарии (0)

Семе Благородно


Мислите ги растурам ете сега
По земјава црна
Некаде е ума тврда
Семе благородно да станат
Снеговите ги чуствува
Ќе ги покријат со белилото
Стапалки овде онде ќе направам
Тоа мала трага ќе биди
Така патека ќе им изградам
Така ќе знаат во кој правец да одат
Мислите ги растурам по земјата
Овде сега камењар е
Малку црна земја
Но утре
Или напролет
Поле зелено ќе биди
Поле црвено ќе биди
Поле жолто ќе биди
Мислите ги растурам сега
По земјава црна
Мислите ги растурам
Семе благородно е тоа





Ноќна Кралица



Станав незасите на миговите
Нежни благородни
Ми ги подаруваш постојано
Ти моја кралица на ноќта

Евего овој миг е празен
Потполниго со твојот шепот
Јас ќе го земам така чедно
Во пазувите ќе го ставам

Погледнија месечината
 ни намигнува така занесено
Волшебничка е таа
Погледнија како слатко се смее

Се разбудија страстите
... Читать дальше »
Просмотров: 621 | Добавил: cernodrimski | Дата: 31.12.2008 | Комментарии (0)

Даниел Краљевски
Род 1988 год
Куманово
Република Македонија
Поет Аматер,идна надеж на Македонија и Македонската Поезиа и проза,поет кој навистина вреди да се промовира не само како личност туку и неговата поезиа која во себе носи премногу искреност,поет кој не се плаши да ја отвори својата душа,поет кој своите најскриени чувства ги вади од тајните дамари и ги претвара во стихови кој со својата убавина пленат.

Летната мисла во најдлабоката тишина

Влегов во длабока темница која чуваше во себе идеална тишина од нула децибели. Ми го извади духот од телото додека тоа стоеше без да се мрдне гледајќи го небото пред кое се преплетуваа гранки во скочанета форма. Немаше ни ветер, ни темна птица. Духот ми пловеше во темната тишина и се наситуваше голтајќи ја. Од џебот излегуваа тивки звуци на меланхолична песна кои плетеа мисли во мене додека ја удирав главата полека од бетонот на кој бев потпрен. Гледав сенка на ѕидот на мојата куќа, сенка од терасата на соседната куќа, ... Читать дальше »
Просмотров: 554 | Добавил: cernodrimski | Дата: 30.12.2008 | Комментарии (0)

Даниел Краљевски
Род 1988 год
Куманово
Република Македонија
Поет Аматер,идна надеж на Македонија и Македонската Поезиа и проза,поет кој навистина вреди да се промовира не само како личност туку и неговата поезиа која во себе носи премногу искреност,поет кој не се плаши да ја отвори својата душа,поет кој своите најскриени чувства ги вади од тајните дамари и ги претвара во стихови кој со својата убавина пленат.


Копнеж

Еден ден!!
Да, само еден ден.
Еден, најубав ден.
Кога птиците летаат највисоко,
кога мислата го надминува небото,
кога вселената ќе ми биде најубавиот хотел..

Еден ден!!
Еден вистински раскош.
Тогаш една љубов излезена од мене,
ќе ја допре нејзината рака, 
ќе ја покрие целата со своите штитови,
ќе и` ја подари сета топлина што ја чуваше целиот живот.

Еден ден!!
Ќе го допрам соништето.
Ќе излетам од грмушка со врела енергија.
Ќе те погледнам толку блиску што ќе си ги допреме носевите,
тогаш ... Читать дальше »
Просмотров: 421 | Добавил: cernodrimski | Дата: 30.12.2008 | Комментарии (1)

« 1 2 ... 5 6 7 8 9 10 11 »
Форма входа
Календарь новостей
«  Май 2024  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
Поиск
Друзья сайта
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Copyright MyCorp © 2024
Бесплатный конструктор сайтов - uCoz