Воскресенье, 28.04.2024
poeziata na cernodrimski
Меню сайта
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 20
Главная » 2009 » Март » 22 » Smradot na Agonijata
Smradot na Agonijata
13:34
Смрадот на агонијата


За злото ли морам повторно да пеам
Траорни се овие зборови
Кој темнината ми ги напиша
Смрадот на агонијата околу се шири
Белиот цвет еве овенал 
О проклет да биде овој час
Што така повторно почнав да го бројам
Погледот не го пуштам таму горе
Птици со скшени криља гледам
Гракаат со болка тие
Се вардат од црнината на денот
Го молат богот на сонцето
Да ги спржи во летот нивни
Така достојни да бидат
Молчешкум поминувам покрај скоро мртвата надеж
И таа моли
И таа ползи
Сенките сега само благослов делат
На глас извикуваат
Дигнетесе од пепелта црна
Вие безимени и некрстени
Кренете се сега кога ве барам
Мигот недојден вие донесетего
Ете тука
 од пепел грутка нека биде
Од пепел камен нека се стори
Од пепел за пепел ќе оди
Поитајте побрзајте
Со молкот прекријте се
Дигнетесе од пепелта црна
Вие безимени некрстени
Еве денот во ноќ се топи
Ноќта како змија лутица ве чека








Просмотров: 396 | Добавил: cernodrimski | Рейтинг: 0.0/0 |
Всего комментариев: 0
Имя *:
Email *:
Код *:
Форма входа
Календарь новостей
«  Март 2009  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Поиск
Друзья сайта
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Copyright MyCorp © 2024
Бесплатный конструктор сайтов - uCoz