Пятница, 19.04.2024
poeziata na cernodrimski
Меню сайта
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 20
Главная » 2009 » Март » 29

Кога некогаш ќе бидам само име во спомен тажен





Кога некогаш ќе бидам само име во спомен тажен
Тивок шепот во молитва осамена
Бледа сенка на пожолтена фотографија
Која ќе ја држат растреперени раце
Ќе ја гледаат очи со заматен поглед

Тогаш
Драга моја
Оставија отворена вратата на твоето срце
Нема да бидам како некогаш
Ветер лут кој бури носи со себе
Нема да бидам оган
Кој пламени јазици фрла насекаде
Или луда река
која со лудоста своја во понор ита

Ќе дојдам
Тивко како првото кокиче напролет
Ако тогаш почуствуваш
Дека срцето немирно ти чука
Не се плаши од ритамот
Само сети се на танцот
Што го игравме заедно со пеперутките

Кога некогаш ќе бидам само име во спомен тажен
Тивок шепот во молитва осамена
Бледа сенка на пожолтена фотографија
Стих запишан во песна недопеана
Која ќе ја пишуваат растреперени раце

Тогаш 
Драга моја
Оставиго отворен прозорецот во твоето око< ... Читать дальше »
Просмотров: 603 | Добавил: cernodrimski | Дата: 29.03.2009 | Комментарии (0)

Скитник во мракот


Љубовта ме зачна
Љубовта ме роди
Бесчуствителноста ме исфрли
На патека со камења оштри ме пушти
Да одам
Скитник да бидам
Од дрво до дрво да се допирам
По малку сила да збирам
Да одам 
Скитник да бидам
Во ноќи ведри студенило да ме прегрнува
Во бескрај поглед да ми лута
Ѕвезда осамена да ме теши
Сила да ми дава
Да одам
Скитник да бидам
Да скитам од место наместо
Каде жагор има
Каде тишина се слуша
Каде врева само илузија е
Каде молк прегратка прави
Да одам
Скитник да бидам
Од светлина
До мрак
Каде светлината е мрак
Каде мракот е мрак
Скитам
И одам



Просмотров: 381 | Добавил: cernodrimski | Дата: 29.03.2009 | Комментарии (0)

Форма входа
Календарь новостей
«  Март 2009  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Поиск
Друзья сайта
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Copyright MyCorp © 2024
Бесплатный конструктор сайтов - uCoz