Воскресенье, 28.04.2024
poeziata na cernodrimski
Меню сайта
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 20
Главная » 2009 » Март » 22 » Орото на Љубовта
Орото на Љубовта
13:36
ОРОТО НА ЉУБОВТА



Музите на инспирација
Со восхита своја полноќта ја чекаа
Кога часот нивни дојде
О така волшебно и нежно
За раката ме допреа
И кон реката на идеите ме понесоа
Со криљата свои лицето ми го ладеа
И времето го запреа

Рекоа
Вечноста ја носиме
А ти биди спремен
Кога на брегот стигнавме
Глетката беше таа која здивот го запираше

Повторно рекоа
Тоа беше песна заносна
Седни под гранките на врбата
Не е таа жална
Закрилник на треперите твое е 
О знај ти кој ги впиваш желно секој миг
И чедно погледот го пушташ

Нимфите ги намамивме
Евеги 
Само што струните не го затегнале
Зарем не го слушаш воздухот како трепери
Смириго ти смириго срцето твое
Ритамот нека потскокнува подоцна
Сеуште не е време

А сега
Самовилите евеги
Зарем не ги гледаш
Отвориго срцето и погледај ги
Со косите свои о така заносни се
И водата ја натераа
Немирна да биде
Клокот клокот да прави

Струните одекнаа
Песната ја кажаа
Песната ја запеаа
Да не заборави
Да се запамети

Домене една вила златокоса седна
Беше со лице озарено од радост
Малку задишана од орото што го играше
Тивко тивко како ветре утрински 
Тивко ми раскажа една сторија убава
Себеси си реков
Морам морам да ја запишам

Евеја читајте вие гладни за зборови
Вие чедни за трепери
Вие будни сонувачи
Кои го знате срцето како трепери
Вие кои сте ги ги гледале многупати
Многувечери пеперутките како играат

Ова е само запишано 
Она што самовилите го знаат
Она што самовилите го гледаат


Патеката на љубовта 
Само што трпеливо започна да се гради
Напред илјада бакнежи се распослаа
Позади двеста воздишки останаа

Крикна во часов овој
Закрилникот на вљубените
Месечината блескава
О прокетница ли станав
Ете дозволив и мене темнината да ме прекрие
А таму двајца вљубени
Чедно светлоста моја ја чекаат
О проклетница ли станав
Сега со зрак еден прошка од ним ќе побарам
Знам каде се
Знам како ќе ги најдам
Во срцата нивни ќе ѕирнам
И таму седалото ќе го видам

Блесокот златокосен мракот го растера
И капките ситни тоа го видоа
Блеснаа небаре сафири се 
Си намигнуваа едни на други
И кикот нечујен ете направија
Среќни среќни беа
Вљубените ги чекаа тука да поминат

Кога одалеку трубите затрубија
Молк настана
Луѓето здивот го сопреа
Птиците песната
Ветерот силата ја скроти
Само шепотеа меѓу себе
Љубовта ќе помини
О така волшебно ќе биди
Бајки нови сега ќе раскажуваме
Бајки невидени
Бајки досега неслушнати
Бајки и сказни за двајцата вљубени.

Само во осамената трошна куќарка
Љубомората од бес киптеше
Со очите во небеото гледаше
И за себе шепотеше
Не ликувај така победоносно
Чувајсе чувајсе добро Аморе
Чувајсе добро кога ти кажувам
Кога уморот тебе ќе стигне
Кога ќе посакаш сонот да те понесе
Чувајсе јас ќе доползам до само едно срце
Стрелата твоја ќе ја извадам
И сласта своја ќе сладам

Зависта која сокриена во тревата беше
Само тивко и шепна на љубомората
Ако мислиш дека сила ќе немаш
Препуштими мене
Умеам јас со тие чедни срца
Кој на сешто треперат
Воздишка една ќе му подарам
Која отровна сласт ќе има
Ќе видиш ќе свене за час
А тоа е мојата сласт

Тагата тага срамешливо си замина
Знаеше дека е победена
Го призна срамно поразот
И тргна во поход нов
Нечије срце да зароби
Со темни мисли да обвиа

Рамнодушноста сеедно и беше
Трпелив миг чекаше
Само од страна гледаше
И на сите им се чудеше

Немирот во дувло едно темно замина
Се сокри да не го исмејуваат сите
Им рече
Не ме барајте мене
Овде не е моето место
Премногу блескаво е
Премногу светлина има

Копнежот од возбуда неможеше
На место ниедно да се скраси
Кутриот тој
Чекаше вревава да се смири
И победоносни да зачекори

Донего шепотот стоеше
И сила невидена му влеваше
Го бодреше постојано
Го тешеше трпелив уште малку да биди

Патеката на љубовта 
Само што трпеливо започна да се гради
Напред илјада бакнежи се распослаа
Позади двеста воздишки останаа

Месецот силно блескаше
Копнежот оро водеше
Шепотот сила даваше


Орото на Љубовта

Никодин Чернодримски










Просмотров: 626 | Добавил: cernodrimski | Рейтинг: 0.0/0 |
Всего комментариев: 0
Имя *:
Email *:
Код *:
Форма входа
Календарь новостей
«  Март 2009  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Поиск
Друзья сайта
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Copyright MyCorp © 2024
Бесплатный конструктор сайтов - uCoz