Четверг, 02.05.2024
poeziata na cernodrimski
Меню сайта
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 20
Главная » 2008 » Декабрь » 30 » Прозата на Даниел Краљевски
Прозата на Даниел Краљевски
15:41
Даниел Краљевски
Род 1988 год
Куманово
Република Македонија
Поет Аматер,идна надеж на Македонија и Македонската Поезиа и проза,поет кој навистина вреди да се промовира не само како личност туку и неговата поезиа која во себе носи премногу искреност,поет кој не се плаши да ја отвори својата душа,поет кој своите најскриени чувства ги вади од тајните дамари и ги претвара во стихови кој со својата убавина пленат.

Летната мисла во најдлабоката тишина

Влегов во длабока темница која чуваше во себе идеална тишина од нула децибели. Ми го извади духот од телото додека тоа стоеше без да се мрдне гледајќи го небото пред кое се преплетуваа гранки во скочанета форма. Немаше ни ветер, ни темна птица. Духот ми пловеше во темната тишина и се наситуваше голтајќи ја. Од џебот излегуваа тивки звуци на меланхолична песна кои плетеа мисли во мене додека ја удирав главата полека од бетонот на кој бев потпрен. Гледав сенка на ѕидот на мојата куќа, сенка од терасата на соседната куќа, кога главата нагло ми ја сврте звук од врабец кој сигурно бладаше во сонот.

 Се свртев накај улицата и гледав трепкави сијалички некаде во далечина. Во моето маало немаше сијалички, можеби затоа што тука еуфорија како чуство не се раѓаше во луѓето, луѓето овде беа несфатливи од другите. Тука бев во ходникот на мојата улица, тука имаше само тишина и темни гранки, сигурно затоа што беше четири часот наутро, или можеби сето се случуваше по нечија војла. 

Додека ѕвездата трепереше во најнемирниот детски сон, јас со духот надвор од телото ја гледав оддалеку и со мисла ја пленев миризбата на нејзината коса. Некоја карпа на месечината, залудно бараше дел од моето постоење што би требало да емитира топлина, тоа го немав ни во себе, одамна го претворив во зрак кој ја осветли ѕвездата без чие постоење јас нема да бев ова што сум сега. Ми рече да не и` го давам мојот зрак, а јас веќе го пратив. Не плачев по изгубената светлина која таа не ја сметаше за зрак. Се радував што ја грее иако таа не беше свесна за тоа.

Излегов од темната тишина отварајќи ја вратата на ходникот на мојата куќа. Зачекорив кон светлото што продираше од вратите на мојата соба, а знаев дека тоа беше вештачка светлина, онаа која ми се прилепи на лицето. Која си замислив дека е од ѕвездата што ја сонувам, за да заспијам полесно, како неа, во детски разигран сон со немирни приказни и шарени насмевки. Само за тоа!


Измислица на проклетиот писател

Како би ја измислил ако таа не постоеше?? Не, не..нема да можев бидејќи тогаш ни јас немаше да постојам, можеби ќе бев само збор напишан од некој писател кој ќе сакаше да напише тажна љубов која во неа воопшто немаше да постои.. Тој ќе и` ја опишуваше насмевката секој ден, ќе и` ги оживуваше ѕвездите во очињата, лижавчето во раката со тринаесетте алки, носето различно од другите а сепак убавко.. Каде ли мене ќе ме ставеше?? Е, да..сигурно во тагата на тротоарот кој ќе ме гледаше во тажното лице додека стоев до неа кога таа ќе ја отвореше вратата на таксито и ќе си заминеше..

Можеби ќе бев мисла на писателот, која ќе му шепнуваше, секој ден, колку ја сакам девојката во чија насмевка ги претопуваше сите зборчиња. Ќе живеев во просторот меѓу речениците, ќе спиев во мисли кои секој ден ќе ме доближуваа до неа, кои ќе ми дозволија да ја бакнам. Писатолот немаше да ми биде пријател тој ќе ми создадеше тага, тој ќе ме оделеше од девојчето, за да неговиот расказ ги трогне читателите. Ќе ми всадеше тага во очите, ќе ми црташе солзи на лицето додека неа ќе ја китеше со светкави насмевки и трепкави ѕвездички.. Кога ќе не` зближеше, ме радуваше до бескрај. Но на неа немаше да и` даде љубов. Таа немаше да знае што е тоа, залудно ќе ме мачеше да и` објаснувам, таа никогаш немаше да сфати. Мене ќе ме убиеше проклетиот писател! Ќе ме облееше со крв! А неа ќе и` дозволеше да биде секогаш радосна затоа што никогаш немаше да и` вгради љубов. Ќе дозволеше таа да може да живее без мене, но не и јас без неа. Сигурно ќе го проколнав, ако тој не ми го управуваше умот!

Немаше потреба да ја измислувам, таа постоеше и беше блиску до мене. Јас не бев зборче во мислата на писателот. Но сепак исото се случува. Истата тага ја имам во очите, а таа со истата насмевка го осветлува мракот. Епа кој е виновен сега ако писателот не е?? Можеби јас самоиот.. можеби самоит сум се претворил во зборче од мои мисли, па и неа сум ја претворил. Можеби.. јас сум виновен! Можеби сега би требало да се проколнам самоит себеси. Проклет да сум!

Просмотров: 554 | Добавил: cernodrimski | Рейтинг: 0.0/0 |
Всего комментариев: 0
Имя *:
Email *:
Код *:
Форма входа
Календарь новостей
«  Декабрь 2008  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Поиск
Друзья сайта
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Copyright MyCorp © 2024
Бесплатный конструктор сайтов - uCoz