Пятница, 03.05.2024
poeziata na cernodrimski
Меню сайта
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 20
Главная » 2009 » Июль » 3 » Песната е посветена за една ранета душа
Песната е посветена за една ранета душа
23:06
Песната е посветена за една ранета душа

Простими што како некогаш не се смеам
Ја изгубив насмевката некаде во некои празни булевари
Не не повторно те лажам
Не ја изгубив ми ја украдоа дрски скитници

Простими што како некогаш очиве не солзат
Пресушија од ветриштата што дуваа така бесно
Јас само стоев силата нивна ја мерев
Мислев дека сила имам како некогаш да им се спротиставам

Простими што како некогаш не пеам песни весели
Дневникот во кој ги запишував водата го однесе
Сега на песков ги запишувам но брановите секогаш ги бришат
Само понекогаш галебот ќе ги прочита и од нив песнат тажна ќе испее

Простими што сега така жално молчам
Зборови веќе немам ги потрошив во викотниците секојдневни
Некогаш беа прегласни и за мене
Сега само шепотот ми остана еве знам дека е така јаворот ме слуша

Простими навистина простими за дниве што така со празнотија ги полнам
Немам веќе желба ни во сонцето да гледам
Немам веќе желба ни со месечината да другарувам
Го потрошив секој миг сега ми остана само да чекам




Празни сништа



Ги продавам моите сништа
Овде на оваа раскрсница
Ефтино само за пет пари
Сите заедно
Не ме прашувајте зошто
Или што ќе правам без сништа
Ќе одам некаде
Каде нема тага
Ќе одам некаде 
Каде нема солзи
Таму знаете ќе купам нови
Некој кој со светлина се полни
Ги продавам моите сништа
За мене се веќе лити
Празни
Не донесоа ништо ново
Еве и птицава што лета
Вели ајде побрзај
Има уште малку од денот
Ајде побрзај
Поклониги или оставиги
Тие нека тагуваат за тебе
Со првиот мрак сокријсе ти во тишината
Чекајго новиот сон
Земиго прв
И замини таму каде што сакаш


Просмотров: 862 | Добавил: cernodrimski | Рейтинг: 5.0/1 |
Всего комментариев: 0
Имя *:
Email *:
Код *:
Форма входа
Календарь новостей
«  Июль 2009  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
Поиск
Друзья сайта
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Copyright MyCorp © 2024
Бесплатный конструктор сайтов - uCoz