Можеби е така подобро
Нема да те врзам со тешките пранги
На мојата тага што се собрала
Ќе заминам со руменилото на зората
Ќе се препуштам на вечната осаменост
Не се плашам од тишината,се плашам од спомените
Ги слушам,злокобно ѕвечкаат со оштрите сечива
Воздишките стануваат ками со две сечива
Вжаренитe погледи летаа,небаре стрели отровни
Бакнежите се свиле,сабји димискии кои знам ќе ме параат
Нема да дозволам во твоите очи солзи да се соберат
Ги пиам сега жедно,изворот да го пресушам
Ќе заминам кога првиот петел ќе пропее
Ќе се заградам во бигорната кула на неуспеси
Таму ќе спијам на црна перница,од гавраница оставена
На полноќ волкот самотник со виеш ќе ме теши
Ќе седам на највисоката кула,само ќе слушам трпеливо
Нема да бидамтажен
Ќе си играм онака детињасто со празните сништа.
Можеби е
...
Читать дальше »