Суббота, 20.04.2024
poeziata na cernodrimski
Меню сайта
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 20
Главная » 2010 » Август » 17 » Можеби е така подобро
Можеби е така подобро
11:04
Можеби е така подобро

 

Нема да те врзам со тешките пранги

На мојата тага што се собрала

 

Ќе заминам со руменилото на зората

Ќе се препуштам на вечната осаменост

Не се плашам од тишината,се плашам од спомените

 

Ги слушам,злокобно ѕвечкаат со оштрите сечива

Воздишките стануваат ками со две сечива

Вжаренитe погледи летаа,небаре стрели отровни

Бакнежите се свиле,сабји димискии кои знам ќе ме параат

 

Нема да дозволам во твоите очи солзи да се соберат

Ги пиам сега жедно,изворот да го пресушам

 

Ќе заминам кога првиот петел ќе пропее

Ќе се заградам во бигорната кула на неуспеси

Таму ќе спијам на црна перница,од гавраница оставена

 

На полноќ волкот самотник со виеш ќе ме теши

Ќе седам на највисоката кула,само ќе слушам трпеливо

Нема да бидамтажен

Ќе си играм онака детињасто со празните сништа.

 

Можеби е така подобро

Да заминам за твоето утре да биде поубаво

 

 

Утеха млака

 

На каменот сомов прекриен седам

Со студенилото негово се прегрнувам

Со засипнат морничав глас шепоти

Пепелта низ коските ти ја гледам

Профучува небаре оркани ја носат

Низ душата шуплини пепеласти прави

Те носи некаде во процепот на сонот и јавето

Олеснисе тука под небесниве стреи

Од криљата закржлавени мирисот на измама истресиго

 

Не е тажно да исчезнеш

Со утеха едвај изустена се тешам

Болно  е што светлината еден ден тажна ќе биде

Со облаци темни ќе се прекрие

Со дождот земјата ќе ја мие.




Златна наметка

 

 

Нека ми простат ноќите неродени

Немам веќе зборови милозвучни да ги дарувам

Ни пак ѕвездите да ги опејувам

Занемев,и на месечината неможам сонета заносна да напишам.

 

Само на Деница

Аманет ќе и оставам

Нека блесне барем една вечер,толку силно

Кога белата покривка ќе ја прекрие земјата црна

Да изгледа дека сум заспал на  златна  наметка.

 


Просмотров: 754 | Добавил: cernodrimski | Рейтинг: 0.0/0 |
Всего комментариев: 0
Имя *:
Email *:
Код *:
Форма входа
Календарь новостей
«  Август 2010  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Поиск
Друзья сайта
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Copyright MyCorp © 2024
Бесплатный конструктор сайтов - uCoz