Пятница, 26.04.2024
poeziata na cernodrimski
Меню сайта
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 20
Главная » 2008 » Декабрь » 30 » П И С М О
П И С М О
15:13
П И С М О

Во раце треперливи
збрчкани од години долги
стуткано,пожолтено писмо
избришано мастило,букви замаглени.

Од капки солзи ли се
или дождот ги испрало
можеби сонце ги испржило
или време букви замаглило.

Долги години низ писмо проткаеани
живот,искишенија насобрани
тажен поглед,солзи исушени
треперат усни, писмо читат.

„Мила мајко,мили татко
долги години изминаа
туѓина клета невеста ми стана
студој, душа,срце ми закова.

Железни ококови ми стави
темни денови,сонце не изгрева
дали кај вас сонце грее
или темнина во срце ви царува.

Илина, тагува ли по мене
име дали ми спомнува
ме чека ли под оревот стар
везило за дар го навезе ли.

Класјата се нишаат ли на ветрот
златно жито го ожневте ли
во поток брз кошули дали испра
птиците пеат ли во летните ноќи.

Татко,нива дали насеа
коски стари го служат ли
помал брат нека му помага
тебе мајко, студена вода од бунар донесе.

Другари дали на собор одат
невести млади под око гледат
Стевче,се омажи ли за Мара
невеста во куќа прибра ли.

Длабока ноќ се спушти
свеќата скоро догорува
сега само месецот свети
по некоја ѕвезда трепери.

Повторно јас писмо ќе напишам
штом пари за мастило соберам
најубава бела хартија ќе купам
поздрав од туѓина ви испратам.

Каде и да сум,со кого и да сум
мила мајко,мили татко во срце ве чувам
парче света земја во душа јас носам
небо сино на него сонце изгреано.„

Изминаа години, писмо нестаса
дали хартија не купи или мастило пресуши
стара мајка болен татко лекува
син во туѓина вечно остана.

Даница Петровска „08„



Просмотров: 466 | Добавил: cernodrimski | Рейтинг: 0.0/0 |
Всего комментариев: 1
1 RekBackRive  
0
Hellohttp://www.google.ru - .

Имя *:
Email *:
Код *:
Форма входа
Календарь новостей
«  Декабрь 2008  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Поиск
Друзья сайта
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Copyright MyCorp © 2024
Бесплатный конструктор сайтов - uCoz