Ноќва лагата ме покри Со својата тешка покривка Ноќва повторно го слушам рапавиот глас На ете тоа сенило Се припило и излузијата ми ја носи Незнам дали цинично да се насмеам Не подобро ќе биде Само блед поглед да пуштам Ќе го прекриам ништавилото И ќе го направам целосно исполнет Прекрасно е зарем не Темнината овде онде ќе ја обоам Шаренило чудно ќе направам Нека биде барем таа весела Колоритна Незнам дали да насмеам Но вечерва Навистина навистина Сам со себеси зборувам Навистина вечерва Лагата ме покри Со својата тешка прекривка