Пятница, 03.05.2024
poeziata na cernodrimski
Меню сайта
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 20
Главная » 2008 » Декабрь » 19 » Згазена Надеж
Згазена Надеж
01:13
Во долината на тишината
Постои едно мало место
Оаза сокриена е тоа
Таму соновите извираат
Ги раѓа едно срце толку мало мало
Мало што на дланка би застанало

Во долината на мракот
Постои едно мало место
Мало како најмалата пештера
Таму светулка една сега чмае
Скршена од болка

Еден ден беше тоа голем и светол
Светол за големи луѓе
Еден ден беше голем
Зол човек што со зло бликаше
Ете од забава друшката на светилката ја згази
Сурово со своите лакирани чевли
На сите седум дена им се фалеше
Дека светулката ја згазил
Не знаеше тој
А којзнае можеби знаеше
Дека тоа е надежта нечија
Надеж која во ноќите некој го води

Во долината на криковите
По години десет
Еве зол човек крици силни пушта
Се плаши од мракот кој го прегрнува тивко
Со стравот го разбуди детето
Го заборави одамна кога беше весел
И со насмевки бликаше
Се плаши од тишината своја
Се плаши и солзите ги тера да блескаат
Светулки да му бидат тие


Згазена Надеж



Просмотров: 349 | Добавил: cernodrimski | Рейтинг: 0.0/0 |
Всего комментариев: 0
Имя *:
Email *:
Код *:
Форма входа
Календарь новостей
«  Декабрь 2008  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Поиск
Друзья сайта
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Copyright MyCorp © 2024
Бесплатный конструктор сайтов - uCoz