Плачеше вечерва пискаво виолината Мирисот на темјан и босилек ја потикнаа Ја свиреше тажно Измислената романса од непознатиот виртоуз Гудалото Како нож кама ја параше ноќта Од болката и ѕвездите ослепуваа Богомилка на мост песна клетва запеа Се кинеше тогаш границата тенка Мечу сонот и јавето Камена коцка од улицата се пробуди Влезе во сонот песна со песна лелеава Јавето проговори Таму во гората има волчја свадба Ќе ги украдам нотите од виолинава Ќе се лизне тука млак ветар Ордата ме чека на ледина Ластовиците во цвркот пророчки сон раскажуваа Ќе воскресне повторно виртоузот наш Ќе пее долго додека полноќта ни избега Искинатите сеќавања нема повеќе да бидат искинати.