Погледајго ова небо Моја осамено срно погледајго со твојот поглед дај му само една мала надеж знам дека си тука некаде дека е така ми кажа една осамена птица ја слушам како ја пее песната рече и тебе ти ја пеела истата ја слушам на прагот погледајго ова небо моја осамено срно погледајго и сетисе го сакавме синилото пространо го љубевме безгранично дека е така ми кажува една осамена темјанушка слушнала како за твојата тага три дни и три ноќи раскажувале капките дожд плачеле идните мигови погледајго ова небо моја осамено срно погледајго и дај му малку надеж
Таму далеку
Таму далеку Каде ветриштата раскажуваат Потоците слушаат Таму Таму лежи мојата мртва желба Немам повеќе сила Да патувам со моите празни сништа Во премногу понори ме однесоа Во премногу бури ме внесоа Сета сила од мене ја исцицаа Таму Повторно да одам Неможам И овој облак над мене што стои Нема гледам капки И тој само со црнило се прекрил Само страв на осамените птици им влева Таму Неможам да отидам Денес Којзнае можеби утре ќе одам Којзнае можеби задутре кога и јас ќе бидам авет Кога ќе бидам сениште Таму ќе отидам
Ноќна дилема
Го слушам шепотот на еден осамен дамар Зборува плачливо со глас детски Ме моли Перото да го земам Премногу зборови збрал Му тежат терет му прават Малку и луто сега зборува Ќе те проколнам Зборовите ќе ти ги заробам Со тишина ќе те заградам
Само дилемата ја имам Дали повторно како некогаш На брановите од инспирацијата да јавнеме По светови разни да прошетаме Тажалки да видими Расплакани лица да опееме Нечија мисла да украдеме
Еве парче сечам од дилемава На зраков месечев го ставам
Нека го пушти на полноќ во реката од идеи Нека се стопи Нека се претопи Ако го видиш како мисла убава Зграбиго и на утрото пофалимусе