Воскресенье, 28.04.2024
poeziata na cernodrimski
Меню сайта
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 20
Главная » 2009 » Март » 29 » Кога некогаш ќе бидам само име во спомен тажен
Кога некогаш ќе бидам само име во спомен тажен
13:28

Кога некогаш ќе бидам само име во спомен тажен





Кога некогаш ќе бидам само име во спомен тажен
Тивок шепот во молитва осамена
Бледа сенка на пожолтена фотографија
Која ќе ја држат растреперени раце
Ќе ја гледаат очи со заматен поглед

Тогаш
Драга моја
Оставија отворена вратата на твоето срце
Нема да бидам како некогаш
Ветер лут кој бури носи со себе
Нема да бидам оган
Кој пламени јазици фрла насекаде
Или луда река
која со лудоста своја во понор ита

Ќе дојдам
Тивко како првото кокиче напролет
Ако тогаш почуствуваш
Дека срцето немирно ти чука
Не се плаши од ритамот
Само сети се на танцот
Што го игравме заедно со пеперутките

Кога некогаш ќе бидам само име во спомен тажен
Тивок шепот во молитва осамена
Бледа сенка на пожолтена фотографија
Стих запишан во песна недопеана
Која ќе ја пишуваат растреперени раце

Тогаш 
Драга моја
Оставиго отворен прозорецот во твоето око
Нема да бидам како некогаш
Бран немирен кој со брегот се бори
Нема да бидам како некогаш
Птица ластовица
Која копнее деноноќно за старото гнездо
Или орел горделив
Кој на синото небо му пркоси деноноќно

Ќе дојдам
Како искра водилка од зракот месечев
Ако тогаш почуствуваш
Дека солзите итаат
Неги запирај
Само сетисе кога зедно плачевме
На првиот детски плач

Кога некогаш ќе бидам само име во спомен тажен
Тивок шепот во молитва осамена
Бледа сенка на пожолтена фотографија
Стих запишан во песна недопеана 
Бела ружа на гради чувана
Со трепер старечки милувана

Тогаш 
Драга моја
Со песната од славејот
Клучот ќе ти го испратам
Катинарот зарѓан да го отклучиш
Душата да ја ослободиш

















Просмотров: 605 | Добавил: cernodrimski | Рейтинг: 0.0/0 |
Всего комментариев: 0
Имя *:
Email *:
Код *:
Форма входа
Календарь новостей
«  Март 2009  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Поиск
Друзья сайта
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Copyright MyCorp © 2024
Бесплатный конструктор сайтов - uCoz