Љубовта ме зачна Љубовта ме роди Бесчуствителноста ме исфрли На патека со камења оштри ме пушти Да одам Скитник да бидам Од дрво до дрво да се допирам По малку сила да збирам Да одам Скитник да бидам Во ноќи ведри студенило да ме прегрнува Во бескрај поглед да ми лута Ѕвезда осамена да ме теши Сила да ми дава Да одам Скитник да бидам Да скитам од место наместо Каде жагор има Каде тишина се слуша Каде врева само илузија е Каде молк прегратка прави Да одам Скитник да бидам Од светлина До мрак Каде светлината е мрак Каде мракот е мрак Скитам И одам