Песната е посветена за една ранета душа
Простими што како некогаш не се смеам
Ја изгубив насмевката некаде во некои празни булевари
Не не повторно те лажам
Не ја изгубив ми ја украдоа дрски скитници
Простими што како некогаш очиве не солзат
Пресушија од ветриштата што дуваа така бесно
Јас само стоев силата нивна ја мерев
Мислев дека сила имам како некогаш да им се спротиставам
Простими што како некогаш не пеам песни весели
Дневникот во кој ги запишував водата го однесе
Сега на песков ги запишувам но брановите секогаш ги бришат
Само понекогаш галебот ќе ги прочита и од нив песнат тажна ќе испее
Простими што сега така жално молчам
Зборови веќе немам ги потрошив во викотниците секојдневни
Некогаш беа прегласни и за мене
Сега само шепотот ми остана еве знам дека е така јаворот ме слуша
Простими навистина простими за дниве што така со празнотија ги полнам
Н
...
Читать дальше »