Суббота, 27.04.2024
poeziata na cernodrimski
Меню сайта
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 20
Главная » 2009 » Июнь » 12 » Paganski Hram
Paganski Hram
00:05
Пагански храм




Старите души
 Од бунарот на заборавот проговорија
Ехо беше тоа
Рекоа со гласот на ветерот
Роден си одамна јас не се сеќавам
Умре за да се родиш повторно во оганот
Јас повторно не се сеќавам
Рекоа повторно со гласот на ветерот
Телата се раѓаат за да умрат
Сетисе сега ти 
Свеста твоја коренот го знае


Ехото повторно проговори
Од просторот каде времето царуваше
Во темнината настаните ги гледав
Светлоста јака која затрепери ми ги покажа
Рече повторно
Ова е твојата свест
Сега биди спремен коренот твој да го видиш
Прататковината повторно да ја доприш
Зборовите што ги слушнав
Песна беше тоа со зборови разбирливи
Песна беше тоа паганска
-низ шумите високи,кај реките бистри
-на светите места во тајните храмови
-ние децата Пагански Боговите ги повикуваме
-ние децата Пагански денес за нив песна пееме


Со мислата патуваме,низ степите ширни
На црниот коњ што Триглав ни го подари
Се научивме така заедно на смрта во очи да и гледаме
Перун наш со грмотевицата не штити
Кога треба на непријателот ја врти
Велес голем и благороден со мудрост не обдари
Ни ја даде за навек да ја имаме
Весна со убавината своја и љубовта безгранична не прегнува
Така и сништата наши ги штити
О Богови кој во вечноста сте
Така и вечни сте
Така и ние вечни ќе бидеме
Така и денес кога во храмов свет сме се збрале
Од три реки вода донесовме
Прагот светол го замивме така чист да биде
Од три гори дрва собравме
Оган да запалиме така патот да ви го осветлиме
Од три ливади цвеќина собравме
Цветни ореоли сплетовме на глави ги носиме
Дајтенија повторно вашата мудрост
Мудри да бидеме за мајката земја.





Повторно пред вечноста се поклонуваме
И молитвата на Боговите ја кажуваме
Перун на помош го викаме душите светли да ги заштити
Велес со мудрост вечна да ги награди
Весна со лубов вечна да ги опсипа
Богови Вечни светли и трисветли
Сонцето прастаро повторно земјата ја прегрна
Одиме повторно по патеката на правдата
Знаеме тоа во вечноста не води


Рацете наши на четири страни ги подаваме
На копно и на вода
Под земја и на небото ширно
Насекаде нека допирот стигне
Со името вечно Паганските Богови од тука ги повикуваме
Не се плашиме веќе од племињата на волците
Не бегаме веќе од племињата на дивите кучиња
Оганот на змејот го имаме
Овде денес под ова сонце 
Овде денес под овие ѕвезди



Овде на ова старо свето место
Овде ние децата Пагански храмот го дигаме
Сјајот од месечината го земаме
Со сјај да го обложиме така блескав да биде
Перуне Богу тебе повторно ќе ти го поклониме
Неговите дворови со светлоста нека бидат осветлени
Неговите краеви со темнината нека бидат заградени
Тука во центарот на храмот
Ѕвездата водилка ја палиме
Да свети и блеска исто како порано
Со светлоста очите непријателски да ги заслепи
Со светлоста силата непријателска да ја уништи
Прангите на заборавот сега пукаат
И на Југ и Запад
И Исток и на Север
Срцата сега слободно пеат
Славата ваша ја воздигнуваат
Вечни сте
Во вечноста сте
Така и ние вечни ќе бидеме
Мислите како стрели насекаде ги пуштаме
Со води волшебни од вилите ги замивме
Така силни ќе бидат знаеме
Така заштитени ќе бидат знаеме
Се колнеме ние денес тука
Во храмот на крајот на времето
Каде сеќавањата сега будни чувари се



Со моќта на сонцето
Ние денес децата Пагански славиме
Бракот помеѓу оганот и водата 
Небото и морето сега молчат
Реките и шумите сепобедоносно во светлоста се капат


Се капиме во моќта на сеќавањата
Така силни сега сме
Така мудри сега сме
Така вечноста ја приграбуваме
Така вечни стануваме

Даровите земни што земјата ни ги даде
Ги принесуваме ги оставаме
На олтаров од камен направен
Нека вилите ви ги донесат
Нека милоста ваша нам ни ја вратат

Скиптаров од дрво вечно исклесан
Кон небото го креваме
И со него силата вечна ја бараме
Огнени крила нека не носат
Огнениот змеј нека не штити
Бесмртното знаење да го понесеме
Така бесмртни ќе станеме.

Ние сме сега јунаците од светлоста
Ние сме тие кои заборавот го изгореа
Ние сме ти кои заборавот го отфрила
Видовме што било и што ќе биде
Знаеме и ќе знаеме мудроста тоа ни го кажа
Знаеме и ќе знаеме зошто светлоста тоа ни го покажа



Просмотров: 599 | Добавил: cernodrimski | Рейтинг: 0.0/0 |
Всего комментариев: 0
Имя *:
Email *:
Код *:
Форма входа
Календарь новостей
«  Июнь 2009  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Поиск
Друзья сайта
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Copyright MyCorp © 2024
Бесплатный конструктор сайтов - uCoz