Воскресенье, 28.04.2024
poeziata na cernodrimski
Меню сайта
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 20
Главная » 2009 » Май » 18 » Трпеза на животот
Трпеза на животот
19:12
Трпеза на животот



Трпезата на животот ја распослав на пољана цветна
Сакав денес јас да бидам тој кој ќе подарува
Секому по заслуженото
Птиците кој ги ранев ката утро со ронки
Нека ми простат но денес гладни ќе бидат
За судбината ги собрав денес ронките ете толку и следува
И реков незнам дали ме разбра
Но толку ти следува можеш сега ти да вриштиш колку сакаш
Мене ми е сеедно
Ангелот чувар кој седеше под дабот исушен
Некако остарен делуваше
Којзнае од безделничењето ке да е тоа
Само добро утро низ заби му процедив и ништо повеќе
За љубовта патека од бигори црни и тешки направив
Од душата ги корнев 
И реков оди сега ти и нозете крвој сториги
А кога починка ќе побараш тогај клечи и моли за тој миг
На силуетите кој стоеа околу само тивко им прошепотив
Ако сте пријатели извадетеги маските од лицата ваши
Седнете на литиви партали кој се пред вас
Радувајтесе со мене во часов што доаѓа
Од скромната трпеза земете и само насмевка на лицето ставете
По грчот на вашите усни ќе знам дали се искрени
Ако сте непријателите мои тогаш дојдете утре
Можеби трпезата ќе биде побогата и поубава
Се научив и во темнина да гледам
Знам дека сте многумина знам дека сте тука
Некој како силуети некој како сенки бледи
Остеветеме сега во овој простор каде сакам да биде мој
Оставетеме за повторно да не станам ѕвер крволочен
Вашата лажна љубов ете таков ме стори
Знам со смрта сте сојузник
Незнаете дека тука корен имам
Можете да ме пресечете сега
Но утре на друга пољана повторно јас ќе бидам
Денот изминуваше но молитва не кажав јас
само десната рака покажа поита кон небото
реков гласно и вревата запре
Боже тебе солзите ти ги оставам ги има многу
Погледни во душава реки брзаци се
Погледни околу некаде вирови се некаде мали езерца
Лебеди бели се капат во нив
Игра заносна играат
Ти ги оставам тебе наутро кога белината ке светне
Очите замијги ти и погледни добро
Милост од тебе небарам,дајим ја на болните и немоќните
Еве на пољана ширна која до сега беше само голгота голема
Крстот кој го носев го оставам сега 
Од распетија секојдневни доста ми е
тука на пољана ширна дојдов
одмор да сторам
и секому према заслуга да дадам



Nikodin Cernodrimski
Просмотров: 600 | Добавил: cernodrimski | Рейтинг: 0.0/0 |
Всего комментариев: 0
Имя *:
Email *:
Код *:
Форма входа
Календарь новостей
«  Май 2009  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Поиск
Друзья сайта
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Copyright MyCorp © 2024
Бесплатный конструктор сайтов - uCoz