Понедельник, 15.10.2018
poeziata na cernodrimski
Меню сайта
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 20
Главная » 2009 » Апрель » 20 » Makeodnki Poeti
Makeodnki Poeti
13:26
Виртуелен парк

Ајде сега да одиме во нашиот виртуелен парк
Дишете
Дишете
Свежи молекули кислород под дебелите сенки
на големите дрвја
воздухот е кристално чист како после летна бура
сами сме таму
без пензионери амортизирани од времето, наркомани, манијаци,
осамени девојки
со евтини викенд романчиња во рацете
без полицаецот
на Сергеј Главјук кој чека
да наплати сметка за струја и вода

Љубовта менува сe' – само засили ја музиката
паѓаат звуци од небото
крикови на птици преселници
децата силно ја фрлаат топката во воздухот
и така ја откриваат тајната на гравитацијата

Еј ти си луд
Да, јас сум од другата страна на компјутерот
Всушност овде имам неколку компјутери
сe' е виртуелно
и повеќедимензионално
и овој разговор е виртуелен

Здраво, како си!? Мило ми е што те гледам!
И мене ми е необично драго!?



Си се запрашал ли некогаш зошто?!
Преостанато време 0.01 сек.

Имаше мисли во мојата глава
кои засекогаш останаа незапишани.
Како на пример првата исповест:
Свирепото убиство на стотина мравки.

Станувам полесен, речиси бестелесен.
Рака на моето рамо и длабок глас:
„Врати се, рано е за тебе да одиш таму“.
Сонот сега е едно затворање
и отворање на клепките. Сон без слики.

Типот имаше психолошки профил на идиот.
Ја имаше тајмирано партијата на 1.00 минута.
Не верувам дека имаше слушнато
за конкретно мислење, апстрактно мислење,
какво било мислење. Најмалку креативно мислење.

Остро го нападнав, неговиот крал
почна безглаво да бега по шаховската табла,
но успеав да го приклештам во претпоследната
секунда. Фигурите стоеја како смрзнати.
Кралот опколен и беспомошен во аголот 
на таблата. Преостанато време 0.01 сек.


Бобан Богатиновски


Popusto se obiduvam

Odletuvaat i - ne se vrakjaat
veter nad nivnite ladni ognista
magla gi pokrila nivnite tragi

gi bodam kandzite vo zemjata
gi rasiruvam kriljata
se napregam i jas da poletam 
so niv tagata da ja delam 
patot dalecen da go sledam
no popusto
grcevi me svivaat
kriljata mi se vijat
moevo ogniste kje go toplat
spomenite
od duhot na odletanite.


Adrijana Sazdova

OD PODIUMOT - NADEZ

Pastir na soznanieto
so oreol na glava
povikan JAS
prozborev za vas
slovo kraj jasniot vet
odrzav pred narodot - svet

patokaz za nas
kje pronajdam - rekov
trpki i vozdishki bezbroj
telo i misla sto ni tezat
kje isteram
jasen i jak
kje otfrlam naplasten mrak
predznak oti imam za svetol zrak

od rabot na apotetata
skrbta zbrana i chemerta seta
kje ja turnam dolu - najdolu
nastani za osuda kje nema vekje
zadovolni kje sobirame sal
zvezdi od trudot nas
mirizlivo kje neguvame cvekje
spokoj kje pronajdeme svoj

gnevot kje iscezne i VASh
ako ovde ve ima 
skeptici nekoi!?


Riste Jovanov - Malec

СТРАВУВАЊЕ

Не сакам да ги затворам очите
Стравувајќи од непознатото.
Сакам да го погледнам во лице
и целосно да го спознаам,
без оглед на
светлината и позадината.
Не сакам да ги покријам ушите
стравувајќи од зборови.
Сакам да слушнам и разберам.
Постои или вистина или лага.
Не сакам да се сокријам
во пазувите
на темнината и тишината.
Има толку многу работи за сакање,
а ние, стравувајќи од стравот,
едноставно ги губиме.


НОЌВА

Ноќва можеш да кажеш се.
Се што не сакаш да кажеш.
Можеш да заминеш
за пак да се вратиш,
а можеш и да се вратиш
за пак да заминеш.
Ноќва можеш да ме навредиш 
со најнежните зборови.
Можеш да слушаш без зборување
или да зборуваш без слушање.
Можеш со насмев да запееш
или да ја исполниш собава
со крик на болка и солзи.
Ноќва, погледни ме.
Јас не сум јас.
А ноќва, само ноќва,
Ти си вистинскиот ТИ.


БЛАГОДАРНОСТ

Ме научи да ги заборавам
сопствените принципи за вредност.
Ме научи да заборавам
на сопствената гордост и чесност.
Ме научи да живеам 
со хаосот на сопствените мисли.
Ме научи на едноставноста
на животот без чувства.
Ме научи да ја спознаам
агонијата на душевната болка.
Ме научи никогаш никому
ништо да не верувам.
Учителу на моето страдање,
ме научи да те презирам и мразам.
Ти благодарам за тоа.
Ако некогаш бидам во дилема
што треба да направам,
Помислата на тебе ќе ми каже
што не треба да направам.

Лага

Чудесни зборови изговори,
од мислите восхит стори,
а восхитот очите ги затвори
и далечините ги изгори.
Но сомнежот вратите ги отвори.
Во гласот ти прочита лага.
Делото и зборот 
ги стави на вага,
и мислата ја натопи со тага.
Вистината не секогаш е драга.


Злоба

Болката е слатка 
кога боли во туѓо срце?
И солзите тешат
кога течат во туѓи очи.
Само вечноста е кратака
кога со злоба се точи.

Безнадежни одговори


Како безброј кошници пчели што лебдат
Во мене мислите се ројат,
Бескрајни прашања се раѓаат
А умот ми лунѕа, ми исчезнува.

Зошто детска песна умира
Кога се околу сјае, се насмевнува.
Зошто исчезнуваат латиците
Кога цветот сеуште се расцутува?

Гледам мајки преморени, со деца в силна прегратка,
Луѓе плачат и тешки солзи капат
Очајуваат, а светот в мрачнотија се престорува,
Сеуште одговорите бледи, бесчувствени остануваат.

Да побараме ли последна почивка,
Ил’ темината да ја оттурнеме од нас 
Што да ја откраде и земе сака
Искрата наша последна, на човечност и свесност?

Несомнено љубов има некаде
Што сеуште среќа и копнеж носи
До бесконечниот очај што го чувствувам околу мене
Од човечката загубена надеж.

Никогаш не ќе го најдам одговорот
Кој отсекогаш бев го знал или,
Господарот Ткајач ме исткајува
како нишка крој во платното грубо?

Можеш

Можеш да бидеш искра,
разгори ги мисливе.
Можеш да бидеш небо,
дај им крилја на желбите.
Можеш да бидеш виножито,
обои ја душава.
Можеш да бидеш ѕвезда
растреперена од копнеж.
Можеш да бидеш море
таинствена, длабока страст.
Можеш да бидеш љубов.
Можеш.



Будење ( разбуди ме )

Разбуди ме ноќва
со допири на душата,
со допири на мисли
разиграни од страста
и насмеаниот трепет.
Разбуди го немирот,
затаен во постелата
на стравот од предрасуди.
Разбуди го и нека потрча
низ широчините на слободниот дух,
низ исконската долина
на ослободената желба,
да посее копнежи
кои ќе цутат во боите
на пријатните емоции,
со миризливи воздишки
во крошните на спомените.
Разбуди ме..........
и немој да се плашиш
од длабочината на
мојот разбуден немир!

Вероника Костадинова, Кавадарци.

Куќата што молчи-Љупчо Димитровски


на првиот кат гори една стара нафта
поздравува со рака
а нема црвена и зелена боја
молчи секогаш 
на вториот кат живее една стара печка
таа не поздравува со рака
и нема црвена и зелена боја
има бел хоризонт на глава
молчи секогаш

на третиот кат живее една стара жена
таа чува метла зад врата
станува ноќе
дење е болна
кога јаде вилиците и свират
и молчи секогаш

на четвртиот кат живее помлада жена
таа чува канта со вода на балкон
станува наутро
дење е болна
кога ќе ја истури водата
со левата рака ќе го избрише челото
и молчи секогаш

на петтиот кат живее еден облак
тој е празен
и ние се чудиме
зошто никогаш не ги затвора прозорците
низ врата не можеш да влезеш
и молчи секогаш

на шестиот кат живее еден круг
и еден човек
и двајцата се млади
си помагаат со усните
се гледаат убаво носат очила
кругот наутро станува порано
а човекот чита весник подолго од мене
и молчат секогаш

на седмиот кат живее
е, на седмиот кат живее една девојка
или девојче не знам
трипати го гледам на скали
четвртиот пат плаче
и молчи секогаш
на увото и става труба
потоа цел оркестар
потоа и мојот глас
потоа и гласот на мојот автомобил
потоа и фабричната сирена
а таа плаче
и молчи секогаш

пред дванаесет часа дванаесет минути
и дванаесет секунди
случајно ја легнав под мене
и ми рече татко
и молчи секогаш!

Минувај-Љупчо Димитровски

Покрај мојата куќа ти
минувај
покрај мојата градина
минувај
и покрај мојата порта
минувај само не запирај

оти сум од оние
заборавените
и преболените
оти сум од оние
замолчените
и премолчените
оти сум од оние
во ништожност
заробените 
само не запирај
ни случајно макар миг
да подзапреш

покрај мојот оган
ти подзапри
покрај мојот ветар
пак подзапри
покрај мојот одзбор
в миг подзапри 
мојата куќа сета откриена
мојата градина расцутена
мојата порта ширум отворена 
мојот оган камен запален
мојот ветар немир разбуден
мојот одзбор корен расплоден 

Извор-Љупчо Димитровски

Не да се напиеш
и не да пиеш од него
туку сал лице
сал снага да измиеш
изворни да ти бидат Оти е премногу студен
и чист
за твојот глас
за твојот здив
што веќе никој
од избраните
за чекор по од
не ти ги слуша
поради сушата
што во зароб ги тоне 
Остави го
да си остане што е
длабок извор кој
којзнае кога којзнае до каде
ке потече прудолу
за плод и почин



Просмотров: 673 | Добавил: cernodrimski | Рейтинг: 0.0/0 |
Всего комментариев: 1
1  
Разошлю Вашу рекламу на 160000 форумов 50$.Моя реклама белгород объявления
hort456(собачка) mail(сюда точку) ru

Имя *:
Email *:
Код *:
Форма входа
Календарь новостей
«  Апрель 2009  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930
Поиск
Друзья сайта
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Copyright MyCorp © 2018
Бесплатный конструктор сайтов - uCoz