Пятница, 29.03.2024
poeziata na cernodrimski
Меню сайта
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 20
Главная » 2009 » Март » 23 » vo vrtlogot na spomenite
vo vrtlogot na spomenite
21:57
1
Не се сеќавам воопшто како дојдов во градот,навистина не се сеќавам дали патував со автобус или со воз,тоа во овој миг воопшто не ми беше важно,но сепак на едно премногу добро се сеќавам,само што ја почуствував тврдата но благородна прилепска почва ,само што го почуствуваш нежното ветре кое дуваше од Селечка планина и уште понежно помина секаде околу менекажуваќи ми добредојде,погледот веднаш сакита по прекрасните и величенствени Маркови Кули,ги гледав опијанет од таа величенственост и се восхитував на природната дарба за уметност која трпеливо ги наредила карпите,ги наредила исто онака како што трудољубивите тутунари го редат секојдневно жолтото злато во плетените кошеви-ред по ред ги гледав одамна заборавените улици ,одамна заборавените згради,некои беа реновирани подновени со свежа и светла боја како што некогаш имале,но некои беа толку распаднати што беше прашање на време кога ќе паднат,со својата распаднотост на местото каде што беа му даваа некој тажен поглед на минувачот и го тераа што побргу да си замине од тука,полека чекорев по белиот мермер со кој беше обложен половина град,чекорев и со секој чекор што го правев оживував по еден спомен,ги гледав лицата на минувачите,некој беа остарени со лица збрчкани,некои беа преморени и од самото одење,одеа исто онака како што одел и нивниот живот,одеа целосно потрошени,скршени,сега и малку беа поднаведнати згрбавени,дали од тежината на годините кој ги носеа на грбот или од тежината на јадот кој им тежеше на душата, неколкумина кој ги препознав радосно им отпоздравив по име,но тие само одмавнаа со раката го спуштија уште повеќе погледот кон земјата и брзо ме одминаа,се запрашав себеси со што така ги навредив што избегаа од менене му придадов преголемозначење на ова нивно одминување туку ги оставив намира да си ја носат судбината на сопствениот грб,се предадов целосно на желбата што повеќе за што пократко време прегрнам почуствувам и поминам од градот,,полека наближував кон градскиот плоштад,рој од мисли се мотаа низ мојата глава,застанав на среде плоштадот и погледот го вперив кон градскиот часовник,наближуваше пладне а јас чекав да го слушнам како отчукува,тој звук на неговото одчукување долги години ми одзвонуваше во ушите,одзвонуваше и постојано ме потсетуваше на коренот,ме потсетуваше каде и да одам да никогаш не го заборавам мојот корен,започна да удира еден,два,три пати и со секое отчукување маѓијата на тој звук ме понесуваше се подлабоко и подлабоко во просторот наречен време,мислев дека запре да тече времето и дека сега кога отчука дванаесет часот на пладне кога сказалките се преклопија една на друга започнува некое друго време,време кое можеби е токму за мене,занесен во сета оваа маѓија не ни забележав кога некој одспротива од мене ми пријде,ја стави неговата рака на моето рамо и со доза на големо чудење го започна разговорот.
 -те гледам и не можам да верувам дека си ти,ама навистина те гледам те гледам и си велам сам на себеси тој или не е тој,море тој ќе да ,прво мислев дека си некој авет кој дошол во нашиов град,но од авети верувај ни глава не можеме да кренеме.ама гледам дека си ти,ајде кажи кажи Никодине дека си ти,за да не си помислам дека сонувам или побудалувам.
Го гледав Човеков и никако не можев да се сетам кој би требало да биди,ликот беше некако познат ама маглината која стоеше пред тој лик не ми даваше јасно да видам за кого се работи,започнав трескавично да пребарувам по моите сеќавања,и сите мене познати ликови ги споредував со оние кој сум ги ставил во мојата меморија,но ни еден од нив не одговараше на човеков пред мене,единствено нешто кое ме натера и понатаму да стојам на ова место и да 
  2
продолжам со разговорот беше неговиот глас,гласот ми беше повеќе од познат но едноставно не можев па неможев да се сетам па тоа ти е.моето чудење беше уште подобар повод кон непознатиот да продолжи со зборувањето.
-не ме позна нели,па тоа и сега воопшто не е важно што не ме препознаваш,ајде да седнеме на едно пиво во Градска па со доброто Крали Марко ќе ти се вратат сеќавањата,ајде ајде сега Градската кафеана ни ја реновираа-ова го кажа некако одважно небаре тој ја реновирал-и сега имаме повторно место кај да денгубиме.
Љубопитноста ме натера да тргнам нога за нога со непознатиов и закратко време веќе бевме на терасата,и покрај пролетното пладне сепак беше некако свежо за седење,но го занемаривме и двајцата ова се сместивме удобно во новите плетени столици,не беа оние поранешните излитени и пластични столчиња кој имаа железна конструкција,и кој при секое движење на телото те одаваа со шкришењето на мазниот бетон,овие покрај тоа што беа удобни и со својата удобност не те тераа постојано да ја менуваш положбата на телото,туку и самата тераса беше обложена со зелен и мек теписон кој го елиминираше тој звук при влечење на столиците,додека го гледав немногу видоизменетата градска кафеана се некако мислев дека од позната метална четирикрилна врата ќе излезе Келнерот Бајчо и со својата широка насмевка ќе те натера и колку да си му лут за вчерашното или завчерашното подметнување во сметката да не му се лутиш,а имаше обичај секогаш кога ќе дојдеше да наплаќа да ти каже што ќе платиш ане си испил само тоа гокажуваше толку брзо и вешто што во првиот момент и нема да забележиш,но кога ќе станеш доволно свесен дека си и денес намагарчен од Бајчо тогаш беше касно.
-Имате три пива,салата немате и една ракија за мене-беше неговата честа реченица,нормално ние ќе му укажевме дека немаме салата дека немаме ракија но сепак тоа стои во сметката а тој шеретски ќе продолжеше во негов познат стил-па знам бре деца знам дека немате тоа и јас ви го кажувам-и нормално започнуваше вообичаена препирка но на крај плаќавме,не се работеше за којзнае колкави суми па можеби и затоа плаќавме.но не се појави Бајчо туку некое за мене непознато лице
Без никаква нарачка младото келнерче веќе на масата постави две пива,ги отвори благо се поклони со телото во знак на почит што сме влегле ете тука да му бидеме гости,се заврти вешто и замина на друга маса каде го викнаа,молчешкум ги зедовме пивата во раце и со благ удар на устинката на шишето поздавиме на здравје,веќе првите голтки на пивото се лизгаа низ грлото,а со самото лизгање како да се отвори оној невидлив вентил кој ги сопираше сите заборавени спомени,го држев шишето и со мислите се вратив во она време кога младоста бликаше од секоја пора на телото,бликаше и не тераше постојано да не бидеме на едно место,но и со погледот го гледав потполно непознатиот пред време прашуваќи се по кој знае кој пат кој би требало да биде ,фактот дека седна со мене дека ме ослови по името,беше повеќе од јасно дека ме познава добро,и можеби толку добро што јас не се познавам.
-не се сеќаваш нели,не се сеќаваш Никодине,па би било премногу нефер од мене да те држам во неизвесност и да не ти кажам,па јас ум другар ти Сашо,Сашо Жолтиот.
  3
Кога ги кажа овие зборови останав стаписан на местото,шишето кое го држев во раката ми испадна на подот,истураќи се дел од него на зелениот теписон,брзо на местото се најде келнерот кој го крена и ме погледна зачудено.
-во ред е во ред е момче,во ред е навистина,за штетата ќе платам-започнав да се извинувам за неприликата која ја создадов.
Сега стоев и навистина го гледав мојот другар со неверување,ме гледаше тој и радоста започна да се распостила по неговато лице,радоста што повторно после толку години го стретнал својот другар,но и јас откако се соземав од изненадувањето се израдував,незнам дали тој тргна прв или јас но сепак прегратката после 20 и нешто години беше цврста и искрена,кога веќе измина моментот на првичната радост седнав и пред да каже нешто го повикав келнерот сега да донесе повторно пиво,
-па добро бре Сашо што се случило со тебе што си сеизменил толку-навистина неможев на себеси да си верувам дека пред мене седи Сашо жолтиот,некогаш жолтата коса сега беше целата бела,но не обелена од нормалниот природен процец,туку беше обелена некако со сила,лицето потемнето,збрчкано,со преголеми и длабоки брчки кој му ги направил живото,
-ех што се случило,живот живот никодине,кога тежок кога лесен но сепак живот-и колку да сакаше да дава ведрина во своите зборови сепак горчината која ја прикриваше неможеше да ја прикрие,бликаше таа од него бликаше најмногу од неговите очи,некогаш плави со една небесно плава боја сега беа некако заматени,плавото беше заменето со темна исто како облаците кога се спремаат за бура,бликаше бурата во него,но сепак добро ја владееше и добро ја контролираше таа бура,
-Јасно ми е дека никого не го милува Сашо живото,но не би требало така лесно да потклекнуваме.
-Никодине,ако беше за празни совети,за илузорни зборови верувајме дека навистина ми е преку глава,а такви сосила паметни бајаги ги има низ Прилепов,кој се нешто знаат повеќе од другите,ајде оставиги тие муабети и кажими ти како си ми слушнав дека таму во големиот град си отишол многу високо,дека си бил кај чаушите,така се зборува низ чаршијава за тебе.
Кога го кажа тоа незнаев што побргу да правам,дали да се смеам или да плачам,но од друга страна не сакав да ја расипувам таа слика која гледам ја насликале за мене,воедно не сакав да му внесувам уште горчини и да го разочарувам.
-Па сега Жолти дека сум кај чаушите сум,тоа не можам да го порекнам,ама колку е голема тоа повторно незнам,ама сега пак јас ќе те замоламдруго нешто,сметам дека сеуште си ми другар и дека ќе ме разбереш во целост.
-Знам знам што ќе кажеш-извика весело-знам верувај дека знам..
-е кога знаеш ајде кажи-сега некако како да започна да се враќа оној стариот Сашо.

  4
-знам дека ќе ми кажеш да не барам услуга од тебе.и верувај дека ни во еден момент на тоа не помислив.
Беше повеќе од очигледне дека сепак таа нишка која постоеше едно време на другарството сеуште не е скината и дека понекогаш кога се работи за добри другари кој се познаваат добро,таа врвка кога ќе се стретнат за кратко време се обновува,така беше и сега,ма да од моја страна малку беше запоставена,запоставена зошто во првиот момент не можев да го препознаам мојот другар.


del od raskaz

Просмотров: 666 | Добавил: cernodrimski | Рейтинг: 0.0/0 |
Всего комментариев: 1
1 Svemirko  
0
Pozdrav... Tebi!

Имя *:
Email *:
Код *:
Форма входа
Календарь
«  Март 2009  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Поиск
Друзья сайта
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Copyright MyCorp © 2024
Бесплатный конструктор сайтов - uCoz