Суббота, 24.02.2018
poeziata na cernodrimski
Меню сайта
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 20
Главная » 2008 » Декабрь » 23 » Bogomilite naslednici na Paganizmot
Bogomilite naslednici na Paganizmot
16:26

Bogomilite se samo naslednici i vozobnoviteli na paganizmot na balkanot

Историјата на богомилите би можела да се раскажува на долго и на широко, но неколку значајни податоци би ви биле доволни да создадете претстава за што станува збор.

Богомилството се појавило во Македонија, на рабовите на тогашна Византија, во време на политички и религиозни превирања. На овие подрачја често се менувале државни и религиозни власти, па затоа тие претставувале идеална почва за раѓање и развивање на независни, слободоумни идеи. Од тука, со текот на годините, богомилството се раширило низ целиот Балкан (во средновековна Босна тоа било и државна религија), а оттаму во Северна Италија и во Јужна Франција.

Богомилите се познати во историјата под многу имиња. Во Србија се нарекувани бабуни, во Босна патарени, а во Северна Италија и во Јужна Франција - албигојци и катари. Доказ за тоа дека сите овие се само различни имиња на богомилството, претставува фактот дека на големиот „еретички“ собор во Сан Феликс де Караман претседавал драговитскиот богомил Никита и дека, според известувањата на Бонакурс од Милано, еретичките заедници на Запад биле организирани по углед на драговитската. Драговитија се нарекувала територијата околу и западно од Солун, што значи територијата на Јужна Македонија, која била населена од Драговитите, средновековно македонско племе. Драговитите, заедно со другите македонски племиња (Сагудати, Ринхини, Смолјани, Струмјани, Брсјаци, Велегизити, Војнити и др.), потпаѓаат под бугарска власт дури кога на чело на бугарското царство застанува Симеон (893-927). Се дотогаш, тие живееле во племенски сојуз со децентрализирано демократско општествено уредување. По нивното освојување, Симеон почнува да ги уништува родовско-племенските форми, а со тоа и демократскиот начин на живот. Бидејќи сето тоа се случувало непосредно пред и за време на појавата на богомилското движење, сосема е логично, богомилското социјално учење за еднаквоста на сите индивидуи да се набљудува, во извесна мера, како реакција на Симеоновите обиди за централизација и хиерархизација на општеството. 

Влијанието на богомилското движење може да се забележи во македонската архитектура, литература и уметност. Примери има многу, а за илустрација може да ни послужи мијачката традиција. Според етнолошките истражувања, Мијаците се доселиле во реканскиот крај помеѓу 9 и 12 век, од областа околу Солун и се смета дека се дел од поголемата племенска групација на Драговитите. Бидејќи не се мешале со луѓе надвор од своето племе, како и заради непристапноста на краиштата во кои се населиле, традиционалната култура кај нив се одржала во чиста форма се до почетокот на 20 век. Тие го задржале родовско–племенското уредување; одлуките ги донесувал племенскиот совет, а последниот познат собир на племенските старешини бил одржан во 19 век. 

Најголема потврда за длабоката врска помеѓу нив и драговитските богомили е традиционалното мијачко почитување на богомилските симболи и нивното сочувување, особено во нивната архитектура и уметност. 

Мијачките градители го употребувале бигорот како градежен материјал, иако го немало во тој крај во големи количини, па тие го носеле со коњи од Кичевско и Охридско. Фактот што бигорот е порозен и не обезбедува долготрајност, за разлика од различните видови на седиментни карпи и гранити, кои ги има во изобилство во реканскиот крај, покажува дека тој е користен заради симболиката, а не од други причини. Инаку, како религиозна параферналија богомилите на себе носеле само бигорен камен што ја симболизирал чистината на срцето.

Секоја мијачка куќа имала параклис. Параклис е мала просторија која служи за лична молитва, без никакви знаци и обележја. Богомилите биле иконокласти, што значи дка не прифаќале никакви визуелни претстави на божественото.

Племенското знаме на мијаците е полумесечината со ѕвезда, уште еден богомилски симбол што недвосмислено ја потврдува моќта на традиционалната богомилска духовна култура, која останала недопрена од туѓи влијанија во овие тешко пристапни краишта.“

 Богомилството било првото масовно движење, кое директно се спротивставило на Црквата како врховен авторитет во духовниот живот. Всушност, богомилите воопшто немале официјална црква, ниту свештенство, па затоа излегувале од вообичаената шема на еретички учења. Прогонот на богомилите почнал уште на самиот почеток на нивното делување, од страна на византиските авторитети, а достигнал кулминација во Четвртата крстоносна војна, насочена против еретиците во Јужна Франција. 

Според богомилите, хармоничен соживот и општа благосостојба може да се достигне во овоземскиот живот, во праведна општествена организација. Тие се залагале за активизам, а не ја признавале ниту тогашната световна власт, која според нив не се засновала на праведни принципи и не подразбирала еднаквост за сите. Бидејќи не признавале никаква предодредена хиерархија, би можело да се каже дека богомилите биле првите комунисти, односно, првите анархисти. 

Богомилите учеле на толеранција, разбирање и еднаквост на сите луѓе. Најголемата доблест што човек може да ја поседува според богомилите била трпението. Тоа подразбира мирен дух, отпорност на искушенија и одмереност. 

Во богомилските заедници мажите и жените имале еднакви права и статус. Жените можеле да ги извршуваат сите функции во општеството, вклучувајќи ја и свештеничката. Се разбира, бидејќи кај богомилите немало строго определена црковна хиерархија, под свештеник се подразбирало човек кој го шири знаењето со збор и во дело. 

Богомилите учеле на ненасилство. За нив пролевањето крв било најголем грев. Тие не убивале ниту животни. Така, за време на крстоносниот поход против катарите и албигојците во Каркасон, Јужна Франција, католичката инквизиција го злоупотребила овој податок во својата кампања на гонење и убивање еретици. Имено, богомилите воопшто не го сметале формалното изјаснување на припадност за важно, па ги поттикнувале своите припадници да лажат за нивната вероисповед, ако нивниот живот или животот на некој друг зависи од тоа. Кога инквизицијата го освоила Каркасон, стотици од нив се изјасниле како католици. Но, како доказ за тоа инквизицијата побарала од секој поединечно да заколе куче. Згрозени од идејата да одземат туѓ живот, повеќето од нив одбрале доброволна смрт. Во истата војна против еретиците, кога заповедникот на освојувачите, Arnaud бил запрашан за тоа како да се разликуваат катарите од католиците, тој одговорил: „Caedite eos. Novit enim Dominus qui sunt eius.“ (Убијте ги сите, Бог ќе ги познае своите.) 

Богомилите се нарекувале себе „христијани“ или едноставно „добри луѓе“. Тие учеле дека вистински христијанин се станува само во срцето, а не преку ритуали и формална припадност кон црквата. 

Љубовта ја сметале за врвен принцип преку кој човек може да се продухови и да се оствари во потполност. Тие не го гледале телото како грешно, ниту пак физичката љубов и репродукцијата. За нив животот бил божји дар, кој треба со мудрост да се искористи. Богомилското влијание во европската хуманистичка преродба е несомнено. Тие први го воздигнале човекот до ниво на нешто свето врз кое треба да се сконцентрира сета духовна и креативна енергија. Ако се запрашате што се случило со богомилството по последните прогони, ќе наидете на мистериозност и недостаток на факти. Мое мислење е дека со хуманистичката преродба во Ренесансата и постојаниот напредок оттогаш наваму, богомилството успеало и со тоа престанала потребата од негово постоење. 

Денеска, ние (за жал не и сите луѓе на земјата) живееме во општества кои со закони ги гарантираат нашите лични слободи, ја подразбираат еднаквоста на сите граѓани, постои световен суд, не е дозволена полна, расна или било каква друга дискриминација и уште ред други нешта. Фактот што едно такво движење се родило во Македонија и оттука го раширило добриот збор низ Европа треба да ни претставува гордост, но и потсетување за тоа колку овие придобивки се свети и колку треба со внимателност да ги чуваме и да ги негуваме.

Просмотров: 440 | Добавил: cernodrimski | Рейтинг: 0.0/0 |
Всего комментариев: 0
Имя *:
Email *:
Код *:
Форма входа
Календарь
«  Декабрь 2008  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Поиск
Друзья сайта
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Copyright MyCorp © 2018
Бесплатный конструктор сайтов - uCoz